Дуелот од втората аргентинска лига меѓу Лос Андес и Браун Адрогуе заврши со 2:0, но вистинската приказна е во нередите и во грдите сцени на стадионот и околу него.
Прво гостинскиот фудбалер Минадевино беше исклучен во 30. минута по бруталниот старт во лице на Густаво Турако.
По ова следуваше вистински неред на трибините, по што беа уапсени над 100 навивачи, а специјалната полиција мораше да интервенира. Само во Аргентина.