„Кризата“ со повреди на Милан се влошува, откако Џакомо Бонавентура одлучил да оди на операција на коленото, поради што се очекува пауза од три до пет месеци.
Италијанскиот репрезентативец беше на медицински тестови и консултации денеска, и одлуката според „Скај спортс“ е да се оди на операција. Џек Бонавентура се мачеше со воспаление на коленото од текот на летото и проблемот е во ’рскавицата, утврдиле лекарите.
Според италијанските медиуми, Милан ќе го потврдат ова во четврток, кога тој ќе оди на операција во Милано.
Ова е нова лоша вест за „росонерите“, откако тие исто така се без Лукас Биља, Матео Музакио и Матеа Калдара во следните неколку месеци.
Фото: ЕПА