Нови проблеми за српскиот интернационалец во Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Според информациите на шпанските медиуми, Србинот не присуствувал на двата последни тренинзи на Кралскиот клуб.
Причината – бил во контакт со пријател кој е заразен со коронавирусот.
Според препораките во Шпанија, клубот веднаш ги применил одредбите од протоколот кој вели дека фудбалер кој бил во контакт со позитивен на вирусот не смее да присуствува на тренинг се додека и самиот не биде тестиран и тоа најмалку двапати, а на соиграчите ќе може да им се приклучи само по два негативни теста.
Информациите се дека Јовиќ бил негативен на првиот тест што му бил направен, но на екипата ќе се приклучи по вториот тест.
Очекувањата се дека Јовиќ ќе и се приклучи на екипата кон крајот на оваа недела.
За потсетување, Јовиќ минатиот викенд заигра кратко за Реалм во игра влезе во 93 минута и играше само 3 минути, а сето тоа по пауза од 130 дена од претходниот негов настап.