Top Sport

Нови одложувања во Англија – Арсенал-Вулфс и Лидс-Вила последни „жртви“

Домашниот меч на Арсенал против Вулверхемптон на 28 декември, како и Лидс јунајтед-Астон вила исто така во вторник, се откажани поради пандемијата на КОВИД-19, и покрај тоа што денеска во акција беа и Арсенал и Астон вила. Со овие откажувања, во празничниот период има дури 15 одложени меча во Премиерлигата.

„Бордот на Премиерлигата потврди дека Вулверхемптон нема доволно достапни фудбалери за мечот (13 фудбалери и 1 голман) поради КОВИД-19 и повреди“, објавија од Премиерлигата.

Денеска не им беше одобрено одложување на Кристал Палас за мечот со Тотенхем бидејќи според правилата на ПЛ имале доволно достапни фудбалери. Вила денеска загубија со 3:1 од Челси, а нивниот менаџер Стивен Џерард беше отсутен бидејќи беше позитивен, додека Кристал палас исто така беа без својот тренер – Патрик Виера при 3:0 поразот од Тотенхем.

Scroll to Top