Фудбалскиот клуб Нови Пазар реши да излезе од Првата лига на Србија (инаку втора по ранг зад Суперлигата) по неделниот натпревар против Будуќност Добановци лути на судиските одлуки. Мечот заврши 1:1.
„Малку е да се каже дека судењето во Добановци беше катастрофално. Домаќинот беше подобар од нашиот тим, но не би стигнале до поени доколку немаа помош од судиите. Судијата Максимовиќ не беше загрижен кога се скандираше на воениот злосторник Ратко Младиќ“, се вели во соопштението на тимот.
По 15 кола во Првата лига, Нови Пазар има 20 освоени поени и е на осмото место.
„Вложувањето во српскиот фудбал е сигурен губиток и целосно промашување“, се додава во соопштението.