Барселона потврди дека Френки де Јонг има мускулна повреда на десната нога и дека е можно да паузира до крајот на шпанската сезона, предизвикувајќи нови проблеми за тимот на Кике Сетиен.
Де Јонг стартуваше во првиот меч по корона кризата, 4:0 победата над Мајорка на 13 јуни, но го пропушти мечот со Леганес и петочното 0:0 реми со Севилја и сега не е јасно кога 23-годишниот Холанѓанец ќе биде доволно фит да се врати на тренинзи.
„Клиничките прегледи на Френки де Јонг открија повреда на десната нога. Ќе се следи неговата повреда до враќањето на тренинзите“, потврдија од Барселона.
Де Јонг пристигна на „Ноу Камп“ од Ајакс минатото лето и беше редовен стартер во тимот на Барселона, иако холандскиот селектор Роналд Куман го критикуваше неговото поставување во офанзивна позиција. Тој има 38 настапи за Барса оваа сезона, пропуштајќи само три меча, и постигна 2 гола и имаше 3 асистенции.