Top Sport

Селта го „демолираше“ Алавес! (видео)

Селта Виго го „демолираше“ Алавес со 6:0 за да се оддалечи од зоната за испаѓање и да освои важни три поени во борбата за опстанок во шпанската Ла лига.

Серијата голови започна во 14. минута со Жеисон Мурилјо, пред Јаго Аспас само шест минути подоцна да зголеми на 2:0 од белата точка. „Колата тргна удолу“ за Алавес кога останаа со 10 играчи по црвениот картон за Мартин Агирегабирија во 27. минута, по што Рафиња постигна два гола за една минута во 40. и 41. минута.

Домаќините немаа милост за Алавес со осигурана победа – Нолито во 78. минута зголеми на 5:0 од пенал, за Санти Мина во 86. минута да ги постави конечните 6:0.

Со трите поени, Селта се искачи на 16. место во Ла лига со 30 поени, четири над зоната за испаѓање, каде што се Мајорка, Леганес и Еспањол. Алавес се 13. со 35 поени.

Scroll to Top