Top Sport

Новинарите на ЕСПН го прогласија Јокиќ за МВП на сезоната

Новинарите на ЕСПН, го избрале Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс, за МВП на сезоната. За да биде анкетата веродостојна, во гласањето учествувале, најмалку по двајца новинари од секој од 28 градови, од кои доаѓаат НБА тимовите.

Во анкетата, од 101 новинар, 90 гласале за Јокиќ. На второто место завршил центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, а трет е актуелнот МВП, Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс.

Никола Јокиќ, оваа сезона, има просек од 26 поени, 10,9 скока и 8,8 асистенции по натпревар.

Scroll to Top