Top Sport

Новинарите шокирани од примитивното однесување на Диего Коста (Видео)

Атлетико синоќа го елиминира Ливерпул од Лигата на шампионите. „Јорганџиие“, по продолженијата“ победија на „Енфилд“ со 3:2 и со вкупни 4:2 се пласираа во четврт-финалето.

Еден од клучните моменти на овој натпревар се случи во 55 минута кога тренерот на Алтетико, Диего Чоло Симеоне, го повлече од теренот Диего Коста, а на неговото место го внесе Маркос Љоренте.

Играчот од редот за врска во продолженијата, во 97 и 105 минута постигна два гола, го израмни резултатот на 2:2 со што му ги отвори портите на четврт-финалето на својот тим.

Во таа 55 минута Бразилецот со шпански пасош беше во центарот на вниманието бидејќи не беше задоволен што мора да ја напушти играта, бесот го искали на рекламите, а потоа контроверзниот напаѓач имаше свое „шоу“ и по завршувањето на натпреварот, во мис-зоната.

Диего Коста додека минувал низ микс-зоната, поминал покрај претставниците на медиумите кашлајќи во правец на новинарите.

Погледнете:

Scroll to Top