Top Sport

Стоп за сезоната и во Евролигата и Еврокупот

Евролигата поради коронавирусот ги суспендира на неодредено време своите натпреварувања (Евролига и Еврокуп). Одлуката била донесена откако претходно биле извршени консултации со сите клубови.

Вечерва во Евролигата требаа да се одиграат натпреварите Реал-Црвена звезда, ЦКСА-Алба, Ефес-Валенсија и Макаби-Басконија.

„Евролигата внимателно ја следеше ситуацијата во врска со коронавирусот, а откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, јасно е дека е зголемен ризикот за сите учесници. Ограничено е движењето низа Европа. Поради тоа е невозможно да се задржи регуларноста на натпреварувањата“, стои во соопштението што го објави Евролигата.

Претходно, своите натпреварувања ги суспендира на неодредено време и Светската кошаркарска федерација, а истото го направи и НБА лигата.

Scroll to Top