Новиот капитен на англиската репрезентација, Хери Кејн верува дека „трите лава“ можат да стигнат до титулата на Светското првенство во Русија и додаде дека „ништо друго не е доволно“.
24-годишниот напаѓач на Тотенхем ја доби честа да ја носи капитенската лента на Мундијалот од селекторот Герет Саутгејт, откако минатата сезона постигна 41 гола во сите натпреварувања.
„Невозможно е да не сонуваш за кревање на трофејот на најголемото натпреварување на светот. Верувам дека можеме да победиме. Не можам да кажам дека тоа не е возможно. Сите во тимот сме подготвени за борба, и иако не сме фаворити, на пример никој не веруваше дека Ливерпул може да влезе во финалето на ЛШ. Манчестер јунајтед во ерата на Алекс Фергусон доминираше со млад тим. Тоа што немаме искуство може да биде добра работа“, вели Кејн.
Англија го отвара првенството со Тунис на 18 јуни, по што следуваат дуелите со Панама и Белгија. Кејн првпат беше капитен на Англија на минатогодишниот квалификациски дуел против Шкотска, каде што постигна гол за 2:2 израмнување во финишпт на мечот, а потоа уште трипати беше англиски капитен.
The end of a busy but very proud day for me. You always dream of playing for @England growing up and being the captain is that bit more. Thanks for all your messages. ??? #ThreeLions pic.twitter.com/rnlQosNbNY
— Harry Kane (@HKane) May 22, 2018
Фото: ЕПА