Top Sport

Новиот авион на Лацио е подарок од бугарска компанија

Новиот авион кој го доби тимот на Лацио и со кој се фотографираше претсдателот на тимот, Клаудио Лотито, всушност е подарок од бугарска компанија и нема да биде ексклузивно на фудбалскиот клуб, тврди весникот „Кориере дела сера“.

Купувањето на Боингот 737/300 предизвика лута реакција на шпанскиот фудбалер од средниот ред на Лацио, Луис Алберто, кој посочи дека за авиони се има пари, а не за фудбалерите и нивните скратени плати од минатата сезона.

Сега, весникот „Кориере“ тврди дека всушност се работи за подарок од бугарската компанија „Тајаранџет“ во замена за рекламирање, но и дека авио-компанијата планира да го користи за други редовни летови, а кога ќе им биде потребен на Лацио да им биде ставен на располагање.

Инаку, авионот е направен во далечната 1989 година за германската компанија „Луфтханса“, пред да биде „пензиониран“ во 2016 година, а потоа продаден на „Тајаранџет“, кои го реновирале за да ги исполнува условите за летање.

Луис Алберто контра Лацио: Купуваат авион, а каде се нашите пари?

Website https://wcostream.cc: Watch Shadow Star Narutaru wcostream Episode 13 dubbed anime

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

Battle Game in 5 Seconds (Dub) Episode 1

Ignitiondeck: https://ignitiondeck.com/id/dashboard/?backer_profile=100541

Community getvideostream: http://community.getvideostream.com/user/animeflixnl

Scroll to Top