Top Sport

Евра го „поздрави“ Роналдо со славното видео со ерекција

Поранешниот француски репрезентативец, Патрис Евра повторно е активен на Инстаграм каде што со бизарна и смешна порака го „поздрави“ Кристијано Роналдо, неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед.

Двајцата играа заедно на „Олд Трафорд“ од 2006 до 2009, освојувајќи три титули од Премиер лигата и една од Лигата на шампионите, но Евра реши да го „поздрави“ со славното видео од тренинг, каде што Роналдо изгледа зачуден од ерекцијата на еден негов соиграч.

„Кога освојувавме многу трофеи. Некои фудбалери тренираа пренапорно! Брату, Кристијано, следниот пат кога ќе зборуваме, немој да губиш концентрација“, напиша Евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra)

Scroll to Top