Прекарите во фудбалот честопати одговараат на стилот на играта на фубалерите – Роналдо Назарио секогаш ќе остане „О Феномено“, додека во Аргентина, Лионел Меси уште го носи прекарот „La pulga“ (болва). Манчестер јунајтед летово добија фудбалер со интересен прекар – „Касапот од Амстердам“, Лисандро Мартинез.
Иако има само 175 сантиметри, невообичаено за централен бек, по што противничките навивачи веќе се потсмева со неговата наводна фотографија за презентирање, но навивачите на Ајакс му го дадоа прекарот „El carnicero“ поради неговата постојана борба за топка и упорност.
„Да, ме викаат, ‘Касапот од Амстердам’. Ние, Аргентинците ги правиме сите работи со страст, така што кога ќе излезам на теренот се борам за секоја топка. Ако морам да газам преку мртви тела, ќе го направам тоа. Сакам да победам во секоја 50-50 ситуација, бидејќи знам дека се борам за јадење на маса за секој член на моето семејство и мои пријатели. Сите Аргентинци го имаме тоа чувство. Тоа е мотивација која не се објаснува лесно“, изјави 24-годишниот Мартинез за „Дејли мирор“ пред трансферот во Јунајтед.
Сепак, тој инсистира дека не е „валкан“ играч кој има намера да ги повреди ривалите.
„Не сум човек кој прави валкани стартови, но ќе одам на секоја топка како да е последнта. Дали прекарот е оправдан? Минатата сезона имав само 4 жолти картони“, објаснува Мартинез.