Top Sport

Новиот дрес на Ливерпул го „запали“ интернетот

Ливерпул ги претстави дресовите за сезоната 2020/2021. Англискиот шампион од наредната сезона ќе игра во опремата на компанијата „Најки“, претходно клубот од „Енфилд“ соработуваше со „Њу Баланс“.

Ливерпул го претстави само „домашниот дрес“. Дизајнерите на „Најки“ за наредната сезона не експериментираа премногу со изгледот на дресот. „Домашниот“ дрес е во црвена боја, а новитет се само шарите на ракавите и околу вратот. Дизајнерите пронашле сличност со дресот од 90 години и тие шари се зелени и бели.

„Најк“ на Ливерпул годишно ќе му плаќа 40 милиони евра, но тоа е само основната сума без бонусите и процентот од продажбата. Од секој продаден дрес 20 отсто ќе добива Ливерпул.

Клубот на своите навивачи им овозможи да го купат и преку интернет. Поради големиот интерес на фановите, еден час била падната клупската страница.

 

Scroll to Top