Фиорентина потврди дека Винченцо Монтела останува нивни тренер и следната сезона и покрај промената на сопственоста на клубот од Фиренца.
Монтела се врати во Фиорентина во април, но неговата позиција беше несигурна откако не успеа да победи во ниту еден од осумте натпревари во кои го водеше тимот, а во исто време семејството Дела Вале го продаде клубот на американскиот бизнисмен со италијанско потекло, Роко Комисо. По средбата во Њујорк, Комисо потврди дека Монтела останува.
„Се сретнав со Винченцо ова попладне и тој ми остави прекрасен впечаток. Тој е полн со ентузијазам и желба да почне да работи на тимот, иако крајот на сезоната не беше најдобар. Се сеќавам кога тој првпат беше тренер на Виола и кога ги нарекуваа Фиорентина-Оле бидејќи играа спектакуларен фудбал. Ќе продолжиме да работиме напорно“, изјави Комисо.