Top Sport

Новиот газда на Челси вели: Њукасл ќе бидат дел од „големата седумка“

Новиот сопственик на Челси, американскиот миијардер Тод Бели вели дека „големата шестка“ во англискиот фудбал (Арсенал, Челси, Ливерпул, Ман сити, Ман јунајтед и Тотенхем) наскоро ќе стане „голема седумка“ откако Њукасл јунајтед минатата година беше откупен од инвеститори од Саудиска Арабија.

„Наскоро ќе имаме голема седумка со саудискиот договор со Њукасл. Мислам дека сите тие клубови ќе имаат шанса да ја освојат лигата“, вели Бели, кој преку компанијата „Клирлејк капитал“ го купи Челси од рускиот милјардер Роман Абрамович за 4.25 милијарди фунти.

Њукасл завршија на 11. место во Премиерлигата минатата сезона, откако новиот тренер Еди Хау успеа да ги „извади“ од борбата за опстанок, но се очекува наскоро да почнат големите инвестиции за засилувања.

Scroll to Top