Top Sport

Новиот премиерлигаш Брентфорд го шокираше „разболениот“ Арсенал

Отварањето на новата сезона во Премиер лигата беше вистински кошмар за Арсенал, откако „топчиите“ загубија со 2:0 на гостувањето кај Брентфорд, кои првпат играат во Премиер лигата, а исто така ја играат првата прволигашка сезона по 73 години.

Лошата вест за Арсенал дојде и пред старто на мечот, кога менаџерот Микел Артета ги изостави од тимот Пјер-Емерик Обамејанг и Александер Лаказет откако двајцата се „разболеле“, иако играа на мечевите од пред-сезоната, и во нападот стартер беше младиот Фоларин Балогун, кој дебитира во Премиер лигата, покрај Никола Пепе, Емил Смит Роу и Габриел Мартинели.

На „Комјунити“ стадионот во Брентфорд, пак, беа гладни за премиерлигашки фудбал и за победа, и „пчелите“ дојдоа во водство во 22. минута преку Шпанецот Серхи Канос. Теренската иницијатива на Арсенал не се исплатеше и во 74. минута од мечот, Данецот Кристијан Ногард стави точка на натпреварот со вториот гол.

Scroll to Top