Top Sport

Новиот шпански селектор најави драстични промени

По неуспехот на Светското првенство во Катар, Луис Де Ла Фуенте го замени Луис Енрике на клупата на Шпанија.

Од пред 10 години, кога ги обединија светската и европската титула, Шпанците не можат да направат значаен резултат на големите натпреварувања.

Новиот селектор кој досега ги водеше помладите категории на Фурија најави важни промени.

„Имаме база на добри играчи, од нив треба да ги избереме најдобрите. Во А селекцијата моментално има девет играчи до 21 година, но има и ветерани кои можат да придонесат и да ги подобрат помладите соиграчи. Многу фактори влијаат на составот на репрезентацијата. На пример, мора да вклучите играч кој е способен кога ќе влезе од клупата за резерви да го реши проблемот. Мислам дека, повеќе или помалку, кога би направиле список од 25 играчи во моментов, сите би се согласиле за најмалку 20 имиња. Ама има време до март, ќе видиме кој во каква форма е. Како селектор на А репрезентацијата имам среќа што веќе не сум ограничен со годините на играчите. Ако имаме 20-годишник подобар од некој 28-годишен играч, тој ќе биде повикан и обратно“, изјави новиот шпански селектор.

Тој најави и промена на тактиката и напуштање на тика-така и користење на сестрани играчи.

Scroll to Top