Top Sport

Новиот соиграч на Бејл тврди: Тој секогаш сака да зборува шпански!

Фудбалерот на Лос Анџелес ФЦ, Илие Санчез тврди дека Герет Бејл веднаш се вклопил во МЛС клубот, додавајќи дека поранешната ѕвезда на Реал Мадрид зборува само шпански со поголемиот дел од своите играчи.

Бејл постојано беше критикуван од шпанскиот печат и од дел од навивачите на Реал Мадрид, бидејќи наводно по многу години во Шпанија не го научил јазикот. Сепак, Бејл прво се обрати на шпански јазик при презентацијата во Лос Анџелес и Санчез вели дека тој веќе има голема улога во тимот.

„Неговото пристигнување ни донесе голема мотивација. Тој е фудбалер на високо ниво, и сега како колега ни помага да го кренеме нивото. Има целосн посветеност и сака титули. Герет со мене зборува на шпански. Јас сум единствен Шпанец во тимот, но има многу фудбалери од Јужна и Централна Америка во тимот и со нас зборува само на шпански. Кога јас ќе му кажам нешто на англиски, тој ми одговара на шпански. Изгледа среќен тука“, вели Санчез во интервју за „АС“.

За Герет Бејл да проговори шпански требаше „само“ да замине од Реал Мадрид

Доказ дека Герет Бејл не знае ниту еден збор шпански! (видео)

Scroll to Top