Холандскиот голман на Интер Мајами, Ник Марсман, помина три дена во болнички кревет откако беше каснат од пајак додека бил во посета на Зоолошката градина со своето семејство. Неговата сопруга ја потврди приказната на социјалните мрежи и ја објави неговата фотографија.
Марсман е во Интер Мајами од 2021 година. Кариерата ја започна во Твенте, а во МЛС лигата пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Феенорд.
Во новата сезона тој ќе игра со Лионел Меси, кој се согласи да дојде во клубот во косопственост на Дејвид Бекам.