Лео Меси, како еден од најдобрите фудбалери во историјата, секако заслужува и врвен луксуз.
Аргентинската ѕвезда на Барселона има нов приватен авион, со кој може да патува на секоја дестинација која ќе посака на „шефовски начин“. Аргентинска компанија посебно го модификуваше приватниот авион за во него да кујна, два тоалети и 16 седишта кои можат да се преобратат во осум кревети.
Однадвор, авионот ја носи бројката на меси (10) на опашката, така што сите присутни на аеродромот ќе знаат кога ќе пристигне Лео.
Покрај тоа, тука се некои детали, како имињата на неговата сопруга Антонела и нивните три деца (Тијаго, Чиро и Матео) на скалите.
Меси не го има купено авионот, туку го изнајмува од компанијата која подоцна ќе се обиде да го претвори авионот во еден вид на летечки музеј за Аргентинецот.