Top Sport

Новиот спортски директор на Барса, Деко во конфликт со Чави по само една недела во клубот?

Барселона го постави својот поранешен фудбалер Деко ако нов спортски директор на клубот, но тој веднаш влегол во конфликт со тренерот Чави Ернандез, тврди каталонскиот „Спорт“.

Главна причина за незадоволство на поранешниот португалски репрезентативец е „пропаднатиот“ договор за Иван Фреснеда, откако Чави инсистирал да се донесе Жоао Кансело на позицијата десен бек од Манчестер јунајтед. Според весникот, Деко бил изненаден што во тимот не била важна позицијата на десен бек и сметал дека фудбалерот на Реал Валјадолид, Фреснеда би бил совршено долгорочно решение за релативно ниска цена.

Но, Чави сака фудбалер со поголемо искуство и го стопирал трансферот на Фреснеда, иако Деко го договорил трансферот. Весникот исто така посочува дека и претходникот на Деко, Матеу Алемани си заминал поради конфликт со Чави поради неуспешниот трансфер на Хуан Фојт од Вилјареал.

Scroll to Top