Top Sport

Хамилтон и Шакира „раскинале“ бидејќи Ф1 возачот сакал да има деца?

Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон и колумбиската поп-дива Шакира ја прекинале својата врска поради тоа што Британецот сакал да имаат деца, тврди британскиот „Дејли експрес“.

Ѕвездата на Мерцедес, Хамилтон, повеќе пати беше фотографиран со Шакира оваа година, зголемувајќи ги шпекулациите дека се во врска по разделбата на Шакира со поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, со кого има две деца. „Сан“ тврдеше дека Хамилтон и Шакира имале три средби во нејзината вила на островот Ибица, но дека на крајот двајцата се разделиле без лутина.

38-годишниот Хамилтон во минатото седум години беше во врска со поранешната пејачка на „Пусикет долс“, Никол Шерцингер, а беше во врски исо Ријана, Рита Ора и Кендал Џенер.

Scroll to Top