Top Sport

Новиот суперлигаш Хатајспор го шокираше шампионот

Новиот член на Турската Суперлига, Хатајспор имаше совршен старт на првата сезона во елитата, откако успеаја со 2:0 да го совладаат актуелниот турски шампион, Истанбул Башакшехир.

Одбраната на гостите капитулираше во 36. минута, кога Селим Илгаз елегантно се прошета во шестнаесетникот да го постигне првиот гол за тимот од Антакија, пред во 91. минута, Ектор Барбоса да ги постигне конечните 2:0.

Scroll to Top