Top Sport

„Волците“ го изедоа Шефилд јунајтед за шест минути

Вулверхемптон имаа фантастичен старт за да осигураат 2:0 победа на гостувањето кај Шефилд јунајтед во првиот меч за двата тима во новата сезона од Премиер лигата.

Исходот на мечот беше решен во неверојатните први шест минути од мечот. Раул Хименез во третата минута покажа зошто по мексиканскиот напаѓач има еден куп големи клубови, со прекрасен гол по асистенцијата на Поденс, за само три минути подоцн Роман Сас по еден корнер уште еднаш да го совлада новиот голман на Шефилд, Арон Рамсдејл, кој доби шанса откако Дин Хендерсон се врати во Манчестер јунајтед.

„Волците“ беа едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, која ја завршија на седмото место, по што неодамна му дадоа нов продолжен договор на тренерот Нуно Еспирито Санто, кој врати со совршен старт на сезоната.

Scroll to Top