Top Sport

Новиот тренер на ПСЖ сигурен дека Нејмар ќе остане

Новиот тренер на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие вели дека смета на најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар во својот состав и покрај шпекулациите дека клубот е подготвен да го продаде Бразилецот.

Галтие, кој пред две сезони со Лил успеа да ги победи ПСЖ во трката за француската титула, ќе го замени Маурисио Почетино во најава на новата „стратегија“ на клубот со помалку ѕвезди и повеќе работа на теренот. Тој вели дека едвај чека да почне со работа и додава дека секој би сметал на фудбалер како Нејмар.

„Нејмар е фудбалер од светска класа, кој тренер не би посакал таков играч во неговиот тим? Секако, во секој тим е потребен баланс, но јас точно знам што сакам од него и сигурен сум дека ќе остане со нас. Ги сакам најдобрите во мојот тим. Среќен сум што Килијан Мбапе остана во Франција и знаеме дека тој е еден од најдобрите, но одговорноста нема да биде само негова. Ако играме како тим ќе имаме одлична сезона“, вели Галтие.

Scroll to Top