Top Sport

Новиот тренер на Реал, Лопетеги: Меси е најдобриот на сите времиња

Реал Мадрид во вторникот доби нов тренер во ликот на сегашниот селектор на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги, а критичарите веднаш му најдоа „мана“ – изјавата во ноември околу тоа кој е најдобриот фудбалер во историјата.

Дебатата нормално се одвива меѓу тие кои сметаат дека тоа е ѕвездата на Барселона, Лионел Меси или напаѓачот на Реал, Кристијано Роналдо, кој ги предводеше Реал до три титули во Лигата на шампионите. Лопетеги има чудно мислење.

„Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Тој има неверојатни соиграчи во аргентинската репрезентација и одличен тренер и затоа Аргентина е меѓу фаворитите за титулата“, изјави Лопетеги.

Покрај тоа, Лопетеги гласаше за Меси во изборот за „Златната топка“, и тоа сигурно нема да му се допадне на Роналдо, против кого Лопетеги ќе игра во првиот меч од Мундијалот – кога Португалија ќе ги предизвика Шпанците.

Scroll to Top