Изградбата на новиот стадион на премиерлигашот Тотенхем оди според планот, откако се појави фантастично видео од дрон на добивањето на формата на новиот „Вајт Харт Лејн“.
Тотенхем оваа сезона натпреварите ги играат на „Вембли“, додека се гради проектот од 850 милиони фунти во северен Лондон. Претседателот на клубот, Даниел Леви неодамна објави дека останува планот веќе следната сезона да се игра на новиот стадион.