Top Sport

Новите дресови на Ливерпул во чест на Боб Пејсли (Фото)

Ден по пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите, Ливерпул ги презентираше дресовите за сезоната 2019/2020. Дизајнот е во чест на легендарниот менаџер на „црвените“ Боб Пејсли.

Во славниот клуб на овој начин решиле да покажат почит кон човекот кој со Ливерпул освоил три европски титули, а кој е роден пред точно 100 години.

Бојата на дресовите е црвена, а на нив има тенки бели риги, какви што имало и на дресовите во сезоната 1982/1983, кога менаџер бил Пејсли.

На дресот има уште неколку детали, потписот на Пејсли и сеќавање на жртвите од трагедијата на Хилсброу стадионот.

Scroll to Top