Top Sport

Медведев преку Циципас избори четврт-финале

Рускиот тенисер Данил Медведев избори пласман во четврт-финалето на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло. Медведев, во три сета (6:2, 1:6, 6:4), го победи Стефанос Циципас.

Медведев ја забележа четвртата победа над Циципас во исто толку меѓусебни дуели. Во секој од нив Гркот успевал да освои сет, но не и да победи.

Првиот и вториот сет беа многу слични, Медведев беше надмоќен во првиот, а Циципас во вториот сет. Вистинска борба се водеше во третиот сет, Циципас направи брејк за 1:2, а во наредниот Медведев возврати со ри-брејк.

Во десеттиот гем, при водство на рускиот тенисер, попушти концентрацијата кај Циципас, кој успеа да ја спаси првата, но не и втората меч топка, кога направи двојна сервис грешка.

Медведев за пласман во полу-финалето ќе игра против првиот носител Новак Ѓоковиќ или Тејлор Фриц.

Scroll to Top