Top Sport

Новите газди на Милан најавуваат „удвојување“ на инвестициите во клубот

Газдата на „Редбрд“ и нов сопственик на Милан, Џери Кардинале смета дека фудбалските клубови во Италија се сигурна инвестиција и најави добри вести за навивачите на „росонерите“ за „удвојување“ на инвестциите во клубот.

„Редбрд“ го купи Милан за 1.3 милијарди долари во јуни, а досегашните газди „Елиот менаџмент“ останаа малцински акционери во клубот кој е актуелен италијански шампион. Оваа трансакција е последна во која се вклучени американски ивеститори во италијанскиот фудбал, но и во англискиот фудбал.

„Ивестициите во спортот ги поддржуваат сите профили. Затоа очекуваме нашите инвестиции да бидат удвоени во разумно време. Спортот има неверојатна издржливост на светскиот пазар, инвестиција која е отпорна на технолошките проблеми и на шпекулациите. Содржината која ја нуди фудбалот е секогаш присутна и секогаш популарна“, вели Кардинале во интервју за „Австралиен“.

Тој, сепак, ја забележува и огромната разлика помеѓу американските и италијанските клубови – во Италија клубовите не се сопственици на стадионите.

„Во САД вредноста се мери со недвижнини. Тоа не исто како во Европа, каде што инфраструктурата е многу постара“, вели Кардинале, посочувајќи на планот на Милан и ИНтер за изградба на модерен стадион.

Scroll to Top