Top Sport

„Најбрзата реакција со години“ – Бонучи исфрли навивачка од тимскиот автобус

Италијанската репрезентација не игра на Мундијалот во Катар, но успева да остане во центарот на вниманието, овојпат со интересната реакција на дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, кога во нивниот тимски автобус се качи непоканета гостинка.

Во видео објавено на Тикток, девојката тврди дека била поканета од селекторот Роберто Манчини, нешто што е тешко да се верува, но Бонучи бргу интервенира и практично ја брка од автобусот.

Иако многумина сметаат дека Бонучи бил непотребно груб, други објаснуваат дека се работи за сериозна работа и не може кој ќе посака да влегува во „свето“ место за фудбалерите. Од друга страна најдобриот коментар беше: „Ова е најдобра реакција на Бонучи во последните години“.

Scroll to Top