Top Sport

Новите газди на Палермо најавија: Нема лудо трошење

Палермо има нови сопственици, кои ветија дека ќе ги платат сите долгови на клубот од Сицилија, но ги предупредија фановите да не очекуваат големо трошење на пари во второлигашот, каде што настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Маурицио Ѕамперини, конечно, го продаде клубот минатата недела на компанијата „Аркус нетворк“, и нивниот газда, Салваторе Тутоломондо јасно кажа кои се целите на клубот.

„Првиот чекор мора да биде плаќање на долговите за да се спречат сите можни цивилни тужби против нас. Околу тоа нема да кажуваме многу додека не се заврши процедурата, но нашите адвокати работат на тоа. Пред нас имаме големи задачи, но одиме чекор по чекор. Ние сме експерти за реструктуирање на компании и ќе го направиме тоа повторно“, вели Тутоломондо.

„Росанеро“ играат за враќање во Серија А и можат да стигнат до целта со само поен против Читадела во сабота, ако Лече загуби од Специја.

Scroll to Top