Top Sport

Вардар и Работнички еднакви во градското дерби

Во 33. коло во Првата лига, градските ривали Вардар и Работнички се сретнаа со 67. пат, и по 90 минути ги поделија поените со 1:1. Петковски им донесе водство на Работнички во 33. минута, пред Дарко Мицевски да израмни во 50. минута во резултат кој дефинитивно не им одговара на „романтичарите“, кои се во опасната зона

Беласица пак, ги заддржа шансите за опстанок откако со 3:2 ја победи Ренова благодарение на голот во 91. минута, додека Силекс и Шкендија одиграа 0:0. Академија Пандев, пак, со убедливата 4:0 победа над фенерџијата Победа го потврди местото во квалификациите за Лига Европа.

ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО

Академија Пандев – Победа 4:0

Беласица – Ренова 3:2

Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 1:0

Шкендија – Силекс 0:0

Вардар – Работнички 1:1

Табела: 1.Шкендија 73, 2.Вардар 60, 3.Академија Пандев 56, 4.Шкупи 43, 5.Ренова 42, 6.Македонија ЃП 41, 7.Работнички 40, 8.Силекс 38, 9.Беласица 37, 10.Победа 23.

Фото: ФК Работнички

Scroll to Top