Тотенхем славеше во Њукасл со 3:2, во претпоследниот натпревар од осмото коло. Тотенхем со оваа победа се израмнија со Брајтон на четвртото место, двата тима имаат по 15 бодови.
Ерата на саудиските газди, започна добро за Њукасл, но заврши со пораз. Калум Вилсон по 120 секунди игра го совлада Љорис, за голема радост на 52.000 публика на „Сент Џејмс парк“.
До крајот на полувремето Тотенхем направија целосен пресврт. Ндомбеле постигна убав гол за израмнување во 17.минута, а пет минути подоцна Кејн му донесе предност на Тотенхем.
Во 40.минута, навивач колабираше на трибините. Натпреварот беше прекинат, судијата Андре Маринер ги испрати играчите во соблекувалната. Лекарите навремено интервенираа, по укажаната помош, навивачот во стабилна состојба е префрлен во болница.
Маринер го продолжи првиот дел за седум минути, а во третата минута од „неговото“ време Сон зголеми на 1:3.
Во вториот дел, Њукасл останаа со играч помалку. Џоџо Шелви на теренот влезе во 60.минута, а во 83. поради вториот жолт картон ја напушти играта. До крајот Дајер си постигна комичен авто-гол и ги постави конечните 2:3.