Top Sport

Новите копачки на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо на престојниот пријателски натпревар против Егилет (22 март) премиерно ќе ги носи новите копачки, специјално дизајнирани за неговите настапи во репрезентацијата на Португалија.

Новите копачки „Nike CR7 Mercurial“ изгледаат одлично, а Кристијано Роналдо во нив ќе настапи и на Светското првенство во Русија каде ќе се обиде со Португалија да ги обедини европската и светската титула.

„Кога играте за својата репрезентација, тогаш играте за својата татковина. Се чувствувам добро кога играм за Португалија, не само поради себе туку и поради семејството, пријателите, португалскиот народ“, рекол Роналдо и дополнил:

„Да се биде капитен на Португалија е голема чест, горд сум на тоа. Еден сум од највозрасните фудбалери во репрезентацијата, лидер сум на тимот и сакам да бидам пример за сите останати“.

Новите кошачки на Роналдо можат да се нараачаат на официјалната страница на „Најки“, а цената е 254,95 фунти.

Scroll to Top