Top Sport

Ново чудо, Охриѓанец во „Моцарт“ освоил 80.000 евра

Ново обложувачко чудо се случи во Македонија. Нецели две недели по историскиот тикет на Ване Лесновски од Прилеп, кој во обложувалницата „Моцарт“ остварил добивка од речиси 600.000 евра, 70-годишник во Охрид станал побогат за 80 илјади евра.

Среќниот добитник кој сакал да остане анонимен вложил 20 денари, на пет натпревари ја одиграл играта полувреме-крај, а коефициентот што го добил е најголем во историјата на обложувалницата 848.700.

Играчот по завршувањето на натпреврите што ги имал на тикетот добил 80.508 евра.

На неверојатниот тикет 70-годишникот погодил три натпревари од X-2, еден 1-1 и неверојатниот премин од 1-2 на натпреварот Телстар-Хелмонд со коефициент 40.

извор: mozzartsport.com

Scroll to Top