Top Sport

Ново кратење во Барса – преполовување на скаутите!

Барселона ќе го преполови својот тим на скаути како дел од ново „кратење“ на ресурсите на каталонскиот клуб, јавува „ЕСПН“. Оваа вест доаѓа по вестите дека речиси цел тим е ставен на продажба во текот на летниот преоден рок.

Одделот на скаути на Барселона брои 40 луѓе, од кои само 15-20 ќе бидат заддржани по крајот на нивните договори во јуни, што е голем удар за наоѓањето на таленти за славната академија на клубот, „Ла масија“.

Дел од тие кои ќе бидат отпуштени имаат огромни плати, но дел од нив заработуваат и минимални 600 евреа месечно. Портапролот на клубот за радиото „СЕР“ изјави дека се работи за мерка која е планирана подолго време и дека нема врска со корона вирусот и финансиската криза која предизвика фудбалерите да се откажат од 70 отсто од својата плата. Се верува дека од март, Барселона загуби дури 140 милиони евра.

Scroll to Top