Top Sport

„Планината“ се подготвува за бокс – симна 18 кила за три недели

Исландската „Планина“, Хафтор Бјорнсон ослабе неверојатни 18 килограми за само три недели како дел од подготовките за пресметката во боксерскиот ринг со својот стар ривал, Еди Хол следната година.

Бјорнсон, кој покрај тоа што стана славен преку улогата на „Планината“ во „Игра на тронови“ е поранешен „најсилен човек на свето“, имаше 206 килограми на почетокот на мај, кога постави светски рекорд со кревање на 501 килограм, а сега има 188 килограми пред мечот со Британецот Хол во септември 2021.

Пред поставувањето на рекордот, тој имаше исхрана од неверојатни 10.000 калории дневно за да ја добие силата да крене половина тон, но сега вели дека работи на својата сила.

 

View this post on Instagram

 

Killer morning session! 🥊 body weight 188kg. When I started this journey I weighed 206kg. @thorspowergym

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson) on

„Најтешкиот меч“ во историјата – „Планината“ против „Ѕверот“ во септември 2021!

Scroll to Top