Top Sport

Ново обвинение за Јувентус, сега за случајот со „маневри со исплатата“

Јувентус и седум од нивни поранешни и сегашни директори, вклучувајќи ги Андреа Ањели и Фабио Паратичи се обвинети од страна на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) за користењето на „маневри со исплатата“ на платите на фудбалерите, нов случај покрај тој за вештачкото зголемување на трансферите на фубалерите.

Според „Ла газета дело спорт“, обвинителот на ФИГЦ, Џузепе Кине ги обвини Јувентус и директорите: Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи, Федерико Керубини, Џовани Мана, Пало Моргантти и Стефано Брагин за договорите за исплата на фудбалерите „под рака“ и покрај тоа што јавно објавуваа дека фудбалерите се откажале од платите како дел од мерките за штедење поради пандемијата на КОВИД-19. Судењето ќе се одржи во јуни, а меѓу потенцијалните казни се предупредување, финансиска казна, но и казна со поени.

Не е јасно колкава казна со поени ќе биде побарана, но тоа ќе се смени откако „бјанконерите“ ќе ја добијат казната за претходниот случај во понеделник на 22 мај. Според „Газета“, федерацијата сака да ги реши двата случаи пред крајот на јуни, за казните да бидат додели за сезоната 2022/23.

Scroll to Top