Манчестер јунајтед ќе ја одложат одлуката за потенцијално враќање на Мејсон Гринвуд во првиот состав до почетокот на септември, јавуваат англиските медиуми.
Гринвуд е суспендиран од јануари 2022 година, кога беше уапсен со обвинение за сексуален и физички напад на својата девојка. Но, во февруари оваа година, полицијата потврди дека прекинува со истрагата по повлекувањето на сведочењето од неговата девојка, со која тој доби и дете.
21-годишниот Гринвуд, според „Атлетик“, ќе добие конечен одговор пред интернционалната пауза на почетокот на септември, за резултатите од истрагата да бидат споделени со акционерите на клубот, но и со женскиот тим на „ѓаволите“.