Top Sport

Ново трансфер-фијаско на Милан – Калдара се врати во Аталанта

Матија Калдара и официјално се врати во Аталанта со договор за 18-месечна позајмица од Милан, уште еднаш покажувајќи ја апсурдноста на трансфер-политиката на „росонерите“.

Калдара, кој е роден во Бергамо, дојде во Милан преку Јувентус во 2018 година, но имаше само два настапи за нив во сите натпреварувања поради две сериозни повреди. Се верува дека позајмицата е „бесплатна“ со опција за купување за 15 милиони евра, а Милан би добил процент од секоја наредна продажба.

„Вистински претставник на духот на Бергамо, Матија се враќа во нашиот дрес по две години со цел да напише нова страница во историјата на Аталанта. Добредојде дома, Матија“, напишаа на Твитер од Аталанта.

Scroll to Top