Top Sport

Реал цела година нема постигнато гол од слободен удар

На 13 јануари 2019 година, Дани Себалјос ја запечати победата на Реал Мадрид на гости кај Бетис со гол од слободен удар во 88. минута, што всушност е последниот ваков гол кој го дал „кралскиот клуб“, не успевајќи во 19 обиди со осум различни фудбалери.

Според „Марка“, Реал Мадрид се на само 35. место на табелата во европските топ 5 лиги во успешно изведени слободни удари. Лео Меси има повеќе од двојно повеќе обиди од Мадрид во овој период (49-23), а Барселона има постигнато осум гола во последната година. Само Уеска, Осасуна, Рајо Валјекано, Џирона и Мајорка немаат гол од слободен цела годин во Шпанија.

Герет Бејл е фудбалерот кој најмногу пати се обидел, дури девет пати, пред Касемиро со четири обиди. Тука е очигледно отсуството на Кристијано Роналдо, кој пред да замине во 2018 година постигна 33 гола од слободен за Реал, но од дури 444 обиди.

Scroll to Top