Top Sport

Ново видео од претепаните хулигани на белградското дерби

Српски „Телеграф“ објави нова снимка од подрибинскиот простор на стадионот на Партизан по бруталната тепачка која се случи пред 20 дена на дербито помеѓу Партизан и Црвена звезда (1:1).

За потсетување за превласт на јужната трибина на стадионот на Партизан учествуваше и група на хулигани од Хрватска. Тие биле ангажирани од навивачката подгрупа на „Гробарите“ наречена „Вандал бојс“, кои на дербито се обидоа од подгрупата „Алкатраз“ да ја преземат вчаста на трибоната.

Тие во тепачката го извлекоа „подебелиот крај“, а подоцна беа притворени со останатите навивачи на Партизан кои учествуваа во обидот за пуч на трибината.

Претепаните Хрвати не се од навивачкиот свет, а се претпоставува дека биле ангажирани поради нивното учество во боречките спортови.

„Телеграф“, објави снимка на која се гледа колку тие биле претепани.

„Некои беа толку крвави и унаказени да не можат да ги препознаат ниту најблиските роднини и пријатели“, пишува „Телеграф“.

Scroll to Top