Top Sport

Новото работно место не го спречи Ковач да ги победи Баерн

Хрватскиот тренер Нико Ковач совршено се подготви за стартот на работата во германскиот гигант Баерн Минхен, победувајќи го својот иден клуб со 3:1 во финалето на Германскиот куп во саботата.

Иако во многу земји ќе се фрлеше сомнеж околу посветеноста на Ковач по големиот трансфер, но во историска ноќ за Ајнтрахт Франкфурт благодарение на уште двајца „Балканци“, Анте Ребиќ и Мијат Гаќиновиќ, Хрватот ја покажа професионалноста. Ова е прва титула од Купот за Франкфурт по 30 години.

„Нормално дека сум среќен за клубот, за играчите и за фантастичните навивачи. Но, исто така сум тажен бидејќи заминувам. Тука имав прекрасни две и пол години. Купот е само кулминација на нашата работа, а верувајте работевме секој ден“, вели Ковач, кој го заменува  ветеранот Јуп Хајнкес на клупата на Баерн.

Ковач по фудбалската кариера почна да работи со тренерската академија на Ред бул Салцбург во 2009, а откако беше селектор на јуниорската репрезентација на Хрватска, ја доби и А-селекцијата од 2013 до 2015, со настап на СП во Бразил, каде што испаднаа по групи.

Пролетта 2016 тој го презема Ајнтрахт, кој се бори за опстанок, и сега клубот се бори за место во европските купови секоја сезона. Кога, Баерн, каде што настапуваше од 2001 до 2003 како фудбалер, реши да го ангажира, челниците на Ајнтрахт се налутија на Хрватот, но сега титулата сигурно ќе ги смири.

Фото: ЕПА

Нема двојна круна за Баерн, Ајнтрахт го освои германскиот Куп (Видео)

Scroll to Top