Top Sport

УФЦ: Бенитез со спектакуларен нокаут за 39 секунди (видео)

Мексиканскиот УФЦ-воин, Габриел Бенитез лесно го комплетираше мечот против Перуанецот Хумберто Банденај на УФЦ Фајт најт 129 шоуто во Чиле со спектакуларен „слем“ нокаут за 39 секунди.

Бенитез прво го прати противникот на подот во првите 15 секунди по серија удари, и се обиде да го заврши мечот додека Банденај беше на подот. Меѓутоа, противникот направи контра-напад пред Бенитез да го крене противникот и тресне на подот.

Ова е првпат од 2015 година, Бенитез да оствари две победи во низа, а и само 10-та завршница со „слем“ во УФЦ.

Scroll to Top