Top Sport

Њујорк Тајмс: Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

Јасни се сигналите дека се ближи крајот на една од најуспешните ери во историјата на Манчестер Сити се ближи кон крајот, пишува „Њујорк Тамс“. Според овој извор, Пеп Гвардиола донел одлука да ја напушти клупата на „Граѓаните“ на крајот од тековната сезона и стави крај на десетте години поминати на „Етихад“.

Јавноста засега може само да претпоставува за причината, за ваквата одлука на Гвардиола. Можно е да станува збор за заситеност по безброј освоени трофеи, желбата за нов предизвик, но и долгорочната правна несигурност што го следи клубот (спорот што го води со Премиер лигата), која потенцијално може да има сериозни последици за Манчестер Сити.

Во секој случај, во Манчестер Сити се свесни дека мора да почнат да размислуваат за иднината без тренерот кој го редефинираше англискиот фудбал. Дејвид Орнштајн пишува дека Гвардиола намерно ја држи оваа тема настрана. Тој не сака сезоната да биде обележана со неговиот статус, ниту да го одвлекува вниманието од тимот и борбата на теренот. Затоа, конкретни дискусии и одлуки се очекуваат дури кога ќе заврши сезоната.

Иако е под договор до 2027 година, Пеп наводно самиот предложил да замине една година пред истекот на договорот.

Доколку тоа се случи, тој ќе остави зад себе наследство кое ретко се гледа: шест титули во Премиер лигата, четири Лига купови, два ФА купа и, она што најмногу му недостигаше на клубот, историската титула во Лигата на шампионите.

Во потрагата по наследник, се истакнува името на Енцо Мареска. Поранешниот помошник на Гвардиола веќе покажа дека може самостојно да управува со големи проекти. Го врати Лестер во елитниот ранг, а со Челзи ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство во новиот формат.

Дополнителен знак прашалник претставуваат неговите неодамнешни пораки за амбициите и поддршката на „Стемфорд Бриџ“, кои беа протолкувани како најава за заминување.

Покрај Мареска, во претходниот период се споменуваа имињата на Оливер Гласнер (Кристал Палас), Андони Ираола (Бормут), Роберто Де Зерби (Марсеј) и Винсент Компани (Баерн Минхен), но како што тврдат одредени извори, најблиску до клупата на Сити е Мареска.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');