Top Sport

Њукасл го доби Харви Барнс за 39 милиони фунти

Њукасл јунајтед го потврдија трансферот на напаѓачот на Лестер сити, Харви Барнс за 39 милиони фунти. 25-годишниот Англичанец потпишува петгодишен договор со тимот на Еди Хау и е трето засилување на клубот по Сандро Тонали од Милан и Јанкуба Минтех од данскиот Оденсе.

„Њукасл е фантастичен клуб кој гради успешен тим. Мислам дека за секој напаѓач е сон да се дојде во ваков тим кој игра брзо, физички цврсто и постигнува резултати“, изјави Барнс.

Барнс е произлезен од академијата на Лестер и имаше одлична сезона со 13 гола, но не успеа да помогне „лисиците“ да не испаднат во Чемпионшип.

Scroll to Top