Top Sport

Њукасл го потпишаа Џејкоб Ремзи

24-годишниот играч од средниот ред, Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата.

Ремзи им се придружи на „страчките“ од Астон Вила и стана четвртото засилување на Њукасл ова лето.

Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).

„Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам одлука“, изјави Ремзи за официјалната веб-страница на Њукасл јунајтед (newcastleunited.com).

Поранешниот англиски репрезентативец до 21 година кариерата ја започна во младинската школа на Астон Вила и одигра 167 натпревари за сениорскиот тим, постигнува 17 гола и забележа 19 асистенции.

Во својот нов клуб, Ремзи ќе го носи бројот 41, кој го имаше во Астон Вила, а би можел да дебитира во понеделник, 25 август, кога ќе игра на „Сент Џејмс Парк“, кога Њукасл ќе го пречека актуелниот шампион Ливерпул.

Foto/ newcastleunited.com

Scroll to Top